Search

Поради Џенифер Лопез: Проблеми во бракот на Меган и Хари

Светските медиуми пишуваат за конфликтот помеѓу Меган Маркл и принцот Хари, бидејќи на Хари ‘му паднала во око’ атрактивната пејачка Џенифер Лопез, поради што Меган е надвор од контрола.

Проблемот се појавил пред неколку месеци, кога таа и Хари отишле на приватна вечера со пејачката и нејзиниот вереник Алекс Родригез. Меѓутоа, она што го доживеала таму било сосема неочекувано.

„Хари речиси цела вечер зборувал со Џенифер, која не само што е многу, многу поубава во живо, туку покрај тоа е и харизматична. На неа се слаби речиси сите мажи, а принцот сепак е само човек…“, открил анонимниот извор и додал:

„Меган таа вечер се врати бесна и многу љубоморна.“

Треба да знаете
Последни објави