Search

Поради фекалии во морето не е дозволено капење на Корчула

На плажата Прижба на Корчула се случил комунален инцидент. Фекалии се излеале во морето и ја загадиле водата, поради што не се препорачува капење, уште на почетокот од туристичката сезона во Хрватска.

За инцидентот е известена инспекцијата за животна средина  како и останатите надлежни служби. Според Заводот за јавно здравје  во Дубровнички-неретванската жупанија  кои направиле две испитувања на мостри од водата не го исполнуваат условот за квалитетна вода за капење. Констатирано е дека во микробиолошкото испитување има зголемено присуство на бактерија „Еscherishia coli“.

Испитувањето на морската вода ќе продолжи да се контролира до одстранувањето на фекалните загадувања.

 

Треба да знаете
Последни објави