Search

Помпео: Грција е столб за стабилноста на Балканот и важен сојузник на НАТО

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео истакна дека Грција е столб за стабилноста во источниот Медитеран, како и на Балканот, и важен сојузник на НАТО, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.

Помпео ова го изјави за време на средбата со новиот министер за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, кој за време на разговорот му пренесе дека Грција сака чиста комуникација помеѓу Атина и Вашингтон, најмногу поради проблемите со Турција.

Помепо и Дендиас истовремено разговараа и за регионалните енергетски текови и трилатералната соработка помеѓу Грција, Израел и Кипар што ја поддржуваат САД.

Треба да знаете
Последни објави