Search

Помпео ги повика Ерменија и Арзербејџан да го почитуваат прекинот на огнот

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска ги повика Ерменија и Азербејџан да го почитуваат прекинот на огнот во Нагорно-Карабах, што беше постигнат на 10 октомври во Москва, но и двете страни во изминативе четири дена не го почитуваат.

„САД ги повикуваат Ерменија и Азербејџан да се придржуваат кон примирјето, како што беше договорено и да престанат да ги гаѓаат областите населени со цивилно население”, напиша Помпео на Твитер, додека и натаму траат интензивните борби меѓу ерменските сили од Нагорно Карабах и азербејџанската армија.

Помпео порача дека САД „жалат за загубата на човечки животи” и дека „остануваат посветени на мирното решение”.

Ерменските сили од Нагорно Карабах и азербејџанската армија и денеска продолжија со жестоките борби, прекршувајќи го хуманитарното примирје четврти ден по ред.

Азербејџан, земја од турското говорно подрачје, со доминантно шиитско неселение, бара под своја контрола да и се врати од 1991 година отцепената територија на Нагорно-Карабах, населена со Ерменци од христијанската вероисповед, која меѓународната заедница не ја призна за посебна држава.

Треба да знаете
Последни објави