Search

Полицијата на Бања Лука распиша потeрница по Давор Драгичевиќ

Полицијата на Бања Лука распиша потреница по Давор Драгичевиќ и за уште четири луѓе поради сомнение дека извршиле кривични дела и прекршоци.

– Полициските службеници ќе ги преземат сите мерки и дејаства за да ги пронајдат наведените лица и за да ги документираат сторените кривични дела и прекршоци, соопштија од МВР на Република Српска.

Давор Драгичевиќ е татко на 21- годишниот Давид, кој го загуби животот во мистериозни околности, поради што во Бања Лука веќе неколку месеци се одржуваат сенародни протести на кои се бара да се изведе пред правдата убиецот на младото момче.

Претходно, полицијата соопшти дека синоќа уапсила повеќе лица поради прекршување на Законот за јавен ред и мир, Законот за јавно собирање и Законот за основите на безбедноста во сообраќајот на патиштата во БиХ, а има сомнение дека се извршени и одредени кривични дела.

Треба да знаете
Последни објави