Search

Политиката на свиткана кичма не може да ни донесе датум, по ветото измамникот Заев веќе нема причини да е премиер, оставка веднаш

Измамникот Зоран Заев секој година ветуваше дека земјава ќе добие датум за преговори, и секоја година не успеваше и ја лажеше јавноста.

Последното вето од Бугарија е вето за политиката на измами на Зоран Заев кој создаде концесии и обврски кон источниот сосед.

Неговата попуслива политика на маса ги стави како предмет за пазарење најсветите обележја на државата и земјата, јазикот, историјата, хероите, народот и македонското малцинство во Бугарија.

Тоа е така зошто Зоран Заев е уценет човек. Човек кој се јавува на јавни личности и диктира какви статуси да пишуваат.

Кирацовски од СДСМ рече дека да знаеле дека Бугарија ќе не блокира на патот кон ЕУ немале да го потпишат договорот за добрососедство. Добро, еве сега кога знаат дека не блокира кој е одговорот од Владата? Никаков. А државава тапка во место. Чаре? -оставки, широка влада за национален спас, потоа избори.

 

Со почит,

Треба да знаете
Последни објави