Search

Познат е можниот датум за почеток на новата сезона во НБА

Новинарот на „The Athletic” и поранешен потпретседател на Мемфис, Џон Холингер го соопшти можниот датум за почеток на новата сезона во кошаркарската НБА-лига.

Според изворот, следната сезона може да започне на 18 јануари 2021 година, Денот на Мартин Лутер Кинг, национален празник во САД.

Претходно, во понеделникот, на 12 октомври, заврши сезоната 2019/20 во НБА. Лејкерси станаа нови шампиони.

Треба да знаете
Последни објави