Search

Пожар во зграда во Швајцарија, шест лица загинаа, меѓунив и неколку деца

Шест лица загинаа во пожар во стан во швајцарскиот град Солотурн, додека голем број луѓе од зградата во која избувна пожарот завршија в болница, објави Ројтерс.

Локалната полиција потврди дека меѓу жртвите има и деца, но не беа соопштение повеќе детали, пренесува хрватскиот портал Индекс.хр. Исто така, како што пишуваат медиумите во тек е истрага за да се утврдат причините за пожарот.

Според првичните информации, како што известува весникот „Блик”, пожарот избувнал на еден од долните катови.

Чадот првпат бил забележан од еден од станарите на скалите и околу два часот по полноќ тој ги повикал противпожарните екипи. Во тоа време во зграда имало околу 20 луѓе. Иако пожарникарите брзо пристигнале, шест старани останале заробени меѓу огненте јазици, тие загинале на самото место.

Поради претпазливост, евакуирана е и соседната зграда.

Треба да знаете
Последни објави