Skip to main content
Свет

Пожар во дом за стари лица во Шпанија, има загинати и повредени

15/11/2024  11:16

Десет лица загинаа, а најмалку две се тешко повредени рано утринава во пожар во домот за стари лица „Жардинес де Вилафранка“ во шпанскиот град Вилафранка де Ебро. Пожарот е изгаснат, пренесува „Хералдо“.