Search

Повредени осум лица во11 сообраќајки вчера во Скопје

Осум лица биле лесно повредени во 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје. Во пет сообраќајќи е причинета материјална штета.

Според билтенот на СВР Скопје, 56 возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени десет возачи кои биле под дејство на алкохол, седум кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со возило и двајца возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и шест нерегистрирани.

Сообраќајната полиција издала 76 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 76 возила.

Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за не правилно престројување, четворица за не правилно престигнување и шест возачи за не поседување пропишана зимска опрема во возилата.

Треба да знаете
Последни објави