Search

Победникот на Евросонг откри дека е бисексуалец

Победник на 64-тиот Евросонг е Данкан Лоренс (25), холандски претставник кој го фасцинираше светот со песната „Arcade”. Наградата на музичкиот натпревар, статуа на микрофон, му ја предаде минатогодишната победничка, израелската претставничка Нета Барзилаи (26).

Од последната победа на Холандија на „Евровизија“ поминаа 44 години. Младиот музичар до одлуката да ја претставува Холандија на Евросонг не беше особено познат во неговата земја.

Лоренс е роден во Холандија и неговото вистинско име е Данкан де Мур. Дипломирал во 2017 година на Рок-академијата во Тилбург и се натпреварувал во петтата сезона на холандската верзија на „The Voice”, каде што стигнал до полуфиналето.

https://www.instagram.com/p/Bxo3bERIzqV/?utm_source=ig_web_copy_link

На прес-конференцијата пред финалето, Лоренс призна дека е бисексуалец.

„Јас сум повеќе од изведувач, јас сум личност, живо суштество, јас сум бисексуалец, јас сум музичар, се залагам за некои работи. Горд сум што имам шанса да покажам кој сум јас“, објасни Холанѓанецот.

Холандските медиуми објавија дека Данкан разменувал броеви со шведскиот натпреварувач Џон Лундвик, кој доби најмногу поени од жирито на годинашниот Евросонг, за да се договорат за евентуална соработка. Тие исто така пишуваат дека Данкан би сакал да оствари соработка со шведскиот победник во 2015 година кој ја испеа „Heroes“, Монс Землерлов(32).

Треба да знаете
Последни објави