Search

Петровска од граѓанската трибина: ВМРО-ДПМНЕ остави премногу кал во Битола за да може цела нивна кал да се покрие за 2 години, но ви ветувам ќе ја покриеме нивната кал во секое сокаче

ВМРО-ДПМНЕ ја остави Општина Битола со премногу кал, нивното владеење е црно владеење за Битола. За 12 години ни ја осакатија Битола, но ви ветувам дека ќе ја покриеме нивната кал во секое сокаче, истакна градоначалничката Петровска на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат” во Битола.

Офицерскиот дом кој тие сакаа да го продаваат ние го градиме и ќе го отвориме, ама ви ветувам на денот на отворањето специјалитетот што ќе го послужиме ќе биде тикварник, рече Петровска осврнувајќи се на лошото владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Петровска се заблагодари за поддршката од централната власт за проектите важни за граѓаните на Битола. Затоа зачурената Битола која ни ја оставија ја отворивме со пругата Битола – Каменица, со патот Битола – Новаци, со патот Битола – Демир Хисар и со патот Битола – Братин дол. Затоа сум сигурна дека нашите политики носат придобивки за граѓаните и се на прав пат, заклучи Петровска.

Треба да знаете
Последни објави