Search

Петмина повредени во судир на камион и „фолксваген шаран“ кај Росоман

На 12.12.2019 во 06.10 часот на магистралниот пат  Градско- Прилеп, на крстосницата на улицата Пролетерска и магистралниот пат во Росоман, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(45) од Штип и патничко возило „фолксваген шаран“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(49) од Кавадарци.

Во незгодата, со повреди се здобиле возачот на патничкото возило и сопатниците С.Ф.(52) од Неготино, С.П.(38) од Кавадарци, К.Ј.(46) од Неготино и С.П.(76) од Кавадарци и биле пренесени во болницата во Кавадарци.

Извршен бил увид на местото на настанот.

 

Треба да знаете
Последни објави