Search

Периќ донесе реми за Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Шафхаузен го освоија првиот бод во рамки на групата „Д” од ЕХФ-ракометната лига, откако одиграа нерешено 28:28 со швајцарскиот тим Кадетен Шафхаузен.

Во „Би-Би-Си арената” во Шафхаузен, битолчани одиграа лошо прво полувреме кое го завршија со негатива од 5 голови (16:11), и тоа се чини ги оневозможи да забележат победа во дуелот со Кадетен Шафхаузен.

Македонскиот претставник во второто по ранг ракометно натпреварување вечерва покажа две слики, односно слаба игра во првиот дел и ефикасна игра во вториот дел каде се истакна Периќ со 5 постигнати голови, додека во тимот на домаќините најефикасни беа Зендер со 8 и Марош со 7 постигнати голови.

Во рамки на оваа група, изненадување приреди грчки АЕК кој го совлада Ним во Франција со 27:26.

Треба да знаете
Последни објави