Search

Пендаровски: Нема преговори за нашиот идентитет!

Претседателот на државата Стево Пендаровски на денешната прес конференција по новинарско прашање, околу тоа дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во патот кон ЕУ, но ќе бара Македонија да признае дека идентитетот и јазикот датираат од бугарски корени, јасно посочи дека нема преговори за нашиот идентитет.

-Од официјален претставник на бугарската држава не треба да очекувате поинаква изјава, а од нас ништо друго освен да го повториме тоа што ни е  црвена линија. Ние не  прашуваме за ставови на други држави туку ја кажуваме нашата позиција. Преговори  за идентитетот на македонскиот народ немало ни во време на преговорите за Преспанскиот договор. Од тие позиции нема да отстапиме. Ова се наши позиции и безрезервно ќе ги браниме. Прашавте што ако секој се држи до своите позиции, како ќе се најде компромис? Одговорот е – исто како и со Грците. Јас сум убеден дека и во бугарското политичко раководство се сигурни дека македонскиот јазик и Македонците се реалност и ќе го признаат тоа. Тие квалификациии јавно се кажувани од премиерот на Бугарија, рече Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави