Search

Пелистер немоќен и во реваншот со Винтертур

Екипата на Пелистер доживеа уште еден пораз во битката со Пфади Винтертур во ЕХФ Купот.

Минатата седмица швајцарскиот состав пред своите гледачи победи со 39-16, додека пак денеска во Битола резултатот беше 33-21. Фаворитот уште во првиот дел дојде до предност од седум голови (19-12) по што стана повеќе од јасно дека Винтертур ќе ја добие и втората рунда со македонскиот прволигаш.

Димитровски со 7 голови беше најпрецизен кај Пелистер, Радановиќ на спротивната страна беше прво име со 8 погодоци.

Треба да знаете
Последни објави