Search

Педри ја доби наградата „Златно момче“

Играчот на Барселона, Педри ја освои престижната награда „Златно момче“, која ја доделува италијанскиот медиум „Тутоспорт“ за најдобриот фудбалер во Европа до 21 година. Наградата на Педри ќе му биде врачена на 13 декември во Торино.

-Ви се заблагодарувам за овој трофеј, кој ме прави горд. Ви благодарам на сите кои ме поддржувавте во оваа неверојатна 2021 година. Секако, благодарност до Барселона, репрезентацијата, моето семејство, пријатели и тие кои ми помогнаа да ја освојам наградата“, кажа Педри.

Победникот за најдобар млад фудбалер во Европа го прават 40 спортски новинари од најпрестижните медиуми на „стариот континент“. Од нив 24 го ставија Педри на прво место во својот избор, девет на второ и тројца на трето. Тоа значи дека Шпанецот собра вкупно 318 гласови. На второто место се најде англискиот фудбалер Џyд Белингем, со 119 гласови. Ова е  најголемата разлика во досегашните избори меѓу добитникот на наградата и второпласираниот.

Минатата година наградата му беше доделена на Ерлинг Халанд, а оваа награда ја освојуваа и  Жоа Феликс, Килијан Мбапе, Рахим Стерлинг, Пол Погба, Серхио Агуеро, Лионел меси, Вејн Руни…

Треба да знаете
Последни објави