Search

Паѓаат „тренерски глави“ во НБА-лигата

Ден по завршувањето на сезоната почнаа да паѓаат „тренерски глави“ во НБА лигата. Три франшизи, Сакраменто Кингс, Мемфис Гризлис и Кливленд Кавалирс, ги отпуштија тренерите.

Сакраменто долго време ја имаа позицијата во плејофот, попуштија во финишот и ја завршија сезоната. Цехот го плати тренерот Дејв Јајгер, кој на почетокот на сезоната седна на клупата на тимот од Калифорнија.

Според американските медиуми, кандидати за нов тренер на Кингс се тренерот на ЛА Лејекрс, Лук Волтон, помошникот на Грег Поповиќ во Сан Антонио, Еторе Месина и помошниот тренер на Филалдлефија, Монти Вилијамс.

Кливленд му врачија отказ на 61-годишниот Лери Дру, кој лани во ноември го презеде тимот. Кливленд сезоната ја завршија со 19 победи и 63 порази. Се шпекулира дека Кавалирс, во наредната сезона, ќе ги предводи помошниот тренер на Портланд Трејлблејзерс, Дејвид Вантерпул.

Мемфис Гризлис, завршија на 12 место во Западната конференција со 33 победи и 49 порази. Поради тоа 40-годишниот Џеј Би Бикерстаф доби отказ.

Треба да знаете
Последни објави