Search

Парондо: Игравме добро, но проблем беше реализацијата

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо по синоќешната победа над Кристијанштад во Шведска со 32-30, изјави дека „црвено-црните” играле добро, но на моменти главен проблем им била реализацијата.

– Игравме добро, но проблем беше реализацијата. Стигнувавме до позиција да шутнеме, но промашувавме. Важно освоивме бодови и сега мирно ќе го чекаме последното коло. Знаевме дека ќе биде тешко тука бидејќи Кристијанштад игра добро дома, но и ние се подготвувавме. Секој што играше си ја знаеше својата работа и добро функциониравме, изјави Парондо по мечот.

Следниот меч Вардар го игра на домашен терен со Монпелје на 2 март.

Треба да знаете
Последни објави