Search

Парис Хилтон со полна уста комплименти за својот сопруг

Парис Хилтон, која гостуваше во шоуто на Елен Деџенерис во четвртокот, рече дека е многу среќна со својот сопруг Картер Реум.

Во текот на емисијата, 40-годишната наследничка на синџир луксузни хотели и водителката Елен (64) зборуваа за различни теми, со главен фокус на раскошната венчавка што се одржа минатиот ноември.

Парис откри дека пред да се сретне со својот сегашен сопруг, била навикната да излегува со луѓе кои повеќе биле загрижени за статусот а не за суштината.

„Пред да го запознам Реум, сè уште не бев подготвена за фино момче,“ рече таа.

Комичарката ѝ го забележа прстенот, додавајќи дека е неверојатно убав и голем, на што Парис одговори дека нејзиниот сопруг направил добар избор.

„Кога ме праша за големината на прстенот, му реков дека сакам да биде огромен.“

Таа потоа зборуваше за почетокот на нејзината врска со Реум, кој го запознала повеќе од една деценија пред да се случи нивната венчавка.

Треба да знаете
Последни објави