Search

Панел дискусија на ЦИВИЛ за изборните реформи: „Желбите наспроти реалноста”

По повод Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември, Цивил  организира мултимедијален Фестивал на слободата, кој оваа година е под мотото „Следна станица: Европа”. Фестивалот почнува денеска со панел дискустија, а централниот мултимедијален настан ќе се одржи во четврток на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права.

-Фестивалот ќе опфати голем број учесници кои ќе говорат на повеќе панел дискусии и конференции. Дел од темите се: изборните реформи и гласачкото право, пандемијата и инфодемијата, социјалната правда и дискриминацијата, како и низа други теми во доменот на човековите права и слободи. На панел дискусиите и конференциите се поканети експерти, граѓански активисти, високи владини претставници, претставници на медиумите и други, информираат од Цивил.

Во рамки на „Фестивалот на слободата” денеска ќе се одржи панел дискусија „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста”. -Изборните реформи е тема на која долго време се дискутира и кои и покрај измените што се воведуваат од еден до друг изборен процес, сепак се далеку од реформи што ќе придонесат кон целосна демократизација на самите процеси, а ќе бидат во најдобар интерес на граѓаните, односно гласачите, велат од Цивил.

На панелот како говорници ќе учествуваат Оливер Деркоски, претседател на ДИК, Катица Николовска, член на ДКСК, Радмила Лазареска Геровска од Министерство за правда и Благица Димитровска, претседателка на здружението Инклузива. Претставници од ЦИВИЛ ќе бидат Петрит Сарачини и Џабир Дерала.

Дискусијата ќе се организира преку платформата Зум, дел ќе биде и со физичко присуство. Панелот ќе се пренесува во живо на ФБ страницата на ЦИВИЛ, а содржини од дискусијата ќе се објавуваат потоа и преку другите медиумски платформи на ЦИВИЛ Медиа.

Треба да знаете
Последни објави