Search

Падна рекордот на Лазаров: Сагосен најефикасен играч на едно ЕП

Најдобриот ракометар на Норвешка, Сандер Сагосен од денеска е нов рекордер на вечната листа на стрелци на Европските првенства со 65 погодоци. Тој реализираше четири гола на натпреварот против Словенија (28:20) во битката за 3. место и со нив успеа да го мине капитенот на Македонија, Кирил Лазаров, кој има 61 гол

Сагосен имаше одлично првенство, а иако се водат девет натпревари тој одигра осум бидејќи на натпреварот против Словенија одмораше откако сè беше решено претходно односно се знаеше дека Норвешка ќе игра во полуфиналето.

Денеска на Сагосен му беше потребен само еден гол за да успее да се најде на врвот на листата бидејќи вчера се израмни со Лазаров на вечната листа.

Лазаров рекордот го постави на историскиот, за нас, континентален собир во 2012 во Србија, на кое Македонија го освои петтото место. За утеха останува фактот што Сагосен до рекордот дојде со осум одиграни натпревари, еден повеќе во однос на нашиот капитен, кој постигна 61 погодок во седум меча.

Треба да знаете
Последни објави