Search

ОЈО: Притвор за измамник кој ветувал работни визи за Германија

ОЈО Гостивар започна постапка против осомничен за кривичното дело измама од член 247 од Кривичниот законик.

Осомничениот во текот на овој месец со намера да прибави противправна имотна корист, измамил гостиварец кому му ветил ветувајќи му дека за повеќе лица од Гостивар ќе им обезбеди документи од Министерството за труд и социјална политика со кои тие би можеле да добијат работни дозволи и легално да работат во градежна фирма во Германија.

За услугата осомничениот од оштетениот наплатил сума од 7.700 евра, за што потпишал и изјава со обврските кои ќе ги исполни и со определен рок за реализација на договореното.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, Основниот суд во Гостивар на осомничениот му определи притвор од осум дена.

Треба да знаете
Последни објави