Search

Официјално: Вардар се збогува со Аврамовски

Иако имаше шпекулации пред мечот против Борец во рамките од првото коло од новиот шампионат на Македонија, дека во составот на Вардар ќе се појави Даниел Аврамовски сепак, тоа не само што не се случи, туку предмалку клубот преку својата официјална страница и се збигува со својот најдобар фудбалер во изминатиот период.

„Цујо ти благодариме за се“…. објави ФК Вардар и со тоа стави крај на сите шпекулации околу иднината на Аврамовски во Вардар сезонава. Тоа очигледно нема да се случи, и напаѓачот дефинитивно летово ќе има нов клуб

Треба да знаете
Последни објави