Search

Отсега лебот може слободно да биде на вашето секојдневно мени

Дали сте подготвени за целосна промена во вашата исхрана? Зачувувањето на здравјето се чини дека е сé потешко во овие динамични времиња, па затоа Жито Лукс го збогатува својот асортиман со три нови леба кои се вистински пријатели на здравиот начин на живот. Исфрлањето на лебот од исхраната е често една од најголемите заблуди во здравиот начин на исхрана, бидејќи различните видови на леб носат различни придобивки за организмот.

Жито Лукс ви ги претставува новите 100% ‘ржан леб, 100% интегрален леб со пребиотик и ФИТ тост леб. Во продолжение ви ги откриваме бенефитите на секој од нив.

Новиот 100% ’ржан леб содржи интегрално ’ржано брашно, кое со својот специфичен состав на витамини и минерали, влијае лебот да има висока хранлива вредност. Овие витамини и минерали се важни за нормално фукнционирање на нашиот метаболизам. Покрај тоа, поради користење на чисто интегрално ’ржано брашно, овој леб е извор на растителни влакна. Со ваков состав, лебот влијае на поспора дигестија на храна, умерена апсорпција на глукоза и финално, на подолго чувство на ситост во текот на денот. Одличен избор за дополнување на секој ваш оброк.

 Пребиотиците се вид растителни влакна кои ја хранат цревната флора во дебелото црево.  Ова придонесува за одржување на здравјето на дигестивниот тракт и подобрување на општата добросостојба и здравје. Интегралниот леб на Жито Лукс е направен од интегрално пченично и интегрално ‘ржано брашно и е збогатен со пребиотик од акација. Тој е вистинска заштита за вашиот организам.

Фит тост лебот е направен по специфична рецептура, со додадени протеини од грав и растителни влакна од грашок. Протеините имаат улога на градбени елементи на сите клетки во човечкиот организам и се неопходни за нормално функционирање и развој. Протеините се нутриенси кои не се складираат во нашиот организам и затоа е неопходно секојдневно да се внесуваат во доволна количина. Растителните влакна се група на нутриенси кои често не се внесуваат доволно со нашата исхрана. Тие се битни за нормална работа на цревата, одржување на нивното здравје и балансирање на дигестијата.

Со својот посебно дизајниран состав, овој леб претставува балансиран производ соодветен за здрава и урамнотежена исхрана.

 

Треба да знаете
Последни објави