Search

Осуденик во Диво Насеље „бомбите“ од Ел Чека и ги пратил на Фетаи

Шевчет Халачи, еден од триесетината осудени за тероризам и нападот врз полицијата во кумановско Диво Насеље, комуницирал со обвинителката Фатиме Фетаи на 19 јуни годинава, рече обвинителката на денешното рочиште за случајот „Монструм“, пишува Фокус.

Таа објасни дека со Халачи разговарале на социјалната мрежа Ватс Ап преку која и предал прислушкувани материјали што имаат врска со случајот „Монструм“.

Обвинителката Фетаи појасни дека меѓу снимките што и ги пратил Халачи, покрај за „Монструм”, има материјали и за други случаи што ги водеше поранешното СЈО, а сега ги води Обвинителството.

Овие снимки јавноста веќе ги има слушнато и тоа се разговорите кои ги воделе бизнисменот Орце Камчев и новинарката Оливера Трајковска за овој случај,

Халачи и кажал на Фетаи дека истите материјали му ги предал и на Ел Чека.

Шевчет Халачи е осуден на 40 затвор за случајот „Диво насеље“.

Треба да знаете
Последни објави