Search

Остроушко го засили Еурофарм

Екипата на Еурофарм Работник го потврди ангажманот на украинскиот репрезентативец Владислав Остроушко, а договорот меѓу двете страни е за една година.

Остроушко го носеше дресот на македонскиот вицепрвак и минатата сезона, а по само два месеци во Романија во екипата на Баја Маре, реши да се врати во Битола.

Дебито оваа сезона Остроушко ќе го има на 15 септември против Спортинг Лисабон во ракометната Лига на шампиони. Во групата „Ц” се уште Савехоф, Татран Прешов, Кокс, Бисадоа Ирун.

Треба да знаете
Последни објави