Search

Османи во Брисел ќе ја реафирмира подготвеноста на земјата за старт на преговорите со ЕУ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во Брисел ќе се сретне со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини.

Средбата ќе биде искористена за да се реафирмира подготвеноста на земјава за напредок во европските интеграции во пресрет на Самитот на ЕУ во октомври.

Од Секретаријатот за европски прашања информираа дека планирани се и средби на Османи со државната секретарка за европски прашања и претставничка на Хрватска во ЕУ, Андреја Метелко-Згомбич и со директорката за Западен Балкан во рамки на Генералниот директорат за соседство и проширување во Европска Унија – ДГ НЕАР, Геновева Руиз Калавера.

Работната посета на Брисел е дел од турнејата на вицепремиерот Османи за посета на метрополите на земјите членки на ЕУ. По Брисел, следат посетите на Берлин и Варшава кои планирано е да се реализираат кон крајот на неделата.

Треба да знаете
Последни објави