Search

ОН: Хуманитарната криза во Сирија достигна ужасни размери

– Хуманитарната криза во северозападна Сирија достигна ужасни размери кога цивилите кои бегаат се напаѓани од сириската армија, изјави денеска комесарката на Обединети нации човекови права Мишел Бачелет и побара повторно воспоставување на хуманитарните коридори.

Таа ги осуди и директните напади брз камповите за раселени лица или нападите во нивна близина, како и врз медицинските и образовните институции.

– Речиси 300 цивили се убиени во нападите оваа година во северозападниот дел на Сирија, а 93 отсто од нив се предизвикани од сирискиот режим и сојузникот Русија, посочи Бачелет.

Таа претходно побара таквите дела да бидат окарактеризирани како воени злосторства.

– Ниту едни засолниште сега не е безбедно. А, додека продолжува офанзивата на Владата луѓето мора да бегаат, се плашам дека голем број луѓе можат да настрадаат, посочи Бачелет.

Треба да знаете
Последни објави