Search

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН. Според хуманитарната организација „СОС Детско село“ во 2018 година биле убиени или ранети 12.000 деца

Луѓето бегаат од војни, прогон и последици од глобалното затоплување, објави во соопштение германскиот огранок на УНХЦР, еден ден во пресрет на Светскиот хуманитарен ден.

Илјадници луѓе се киднапирани, а стотици се сериозно трауматизирани. Намногу убиени или ранети деца бележат Авганистан (3062), Сирија (1854) и Јемен (1698).

„Црните бројки се најверојатно и многу поголеми“ изјавила Тереза Нгиги, главен психолог во СОС Детското село.

Треба да знаете
Последни објави