Search

Одложено судењето на Златев: Не издадов државна тајна, туку злоупотреба на тајните служби

Рочиштето во судскиот процес против новинарот и уредник на порталот „Лидер“, Љупчо Златев, за оддавање на државна тајна е одложено за 23 ноември. Причина за одложувањето е барањето на увид во предметот од страна на неговиот адвокат Драган Пешевски.

Судскиот совет му дозволи адвокатот на обвинетиот новинар Љупчо Златев да изврши увид во тајните документи за кои му се суди на новинарот. Поради тоа адвокатот Драган Пешевски треба детално да се запознае со документите кои имаат назнака државна тајна за да може да го брани новинарот.

На Златев му се суди за оддавање државна тајна откако објави документ од кој се гледаат аномалии при избор на вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Обвинетиот Златев во изјава посочи дека е невин по ова обвинение.

-Верувам дека судот ќе покаже прозападни вредности, продемократски и послободни вредности и ќе добијам ослободителна пресуда, затоа што јас не издадов државна тајна, туку издадов злоупотреба на тајните служби, изјави Златев пред судот.

Треба да знаете
Последни објави