Skip to main content
Економија

Овој македонски маркет има најголем профит, еве кои се другите во Топ 5

18/10/2024  20:07

Седумте македонски маркети со најголеми приходи и профити (Веропулос, КАМ, Кипер, Стокомак, Кит-го, Рамстор и Тинекс) во 2023 година имаа вкупни приходи од 934,6 милиони евра.На прво место е KAM, со остварен приход од 268,8 милиони евра. Следуваат Кипер со 175,2 милиони евра и Стокомак со 138,5 милиони евра.

Со приходот од 102,6 милиони евра во 2023 година Верополус го надмина Тинекс, кој оствари вкупен приход од 98,3 милиони евра. На шесто место е Кит-го, кој минатата година има вкупен приход од 86,9 милиони евра. Според висината на приходите заостануваат Жито маркети со 69,5 милиони евра на седмо место и Рамстор со 64,3 милиони евра на осмо место. Но Жито маркети го нема меѓу најдобрите седум маркети според остварен профит.

На прво место според добивка со години по ред е Веропулос, кој во 2023 година оствари чист профит од 10,3 милиони евра, што е раст од 12,8 насто во споредба со 2022 година. На втора позиција е КАМ со профит од 7,3 милиони евра, што е значителен раст во однос на 2022 година, кога добивката изнесувала 4,9 милиони евра. Меѓу трите компании со најголема добивка е и Кипер, со нето-заработка од 5,5 милиони евра.