Search

Ова момче е син на кинески милионер, а мора да штеди за стан: Татко му нема да му остави ниту денар од богатството

Ова момче е син на кинески милионер, а мора да штеди за стан: Татко му нема да му остави ниту денар од богатството

Алекс Шин, наследникот на најголемата агенција за недвижнини во Хонг Конг не поседува ни куќа.

И не само тоа, нема да го наследи огромното богатство до 400 милиони долари, бидејќи неговиот татко, милионерот Винг Чинг Шин (70) одлучил сите пари да ги донира во добротворни цели.

Сепак, младиот Шин вели дека тоа не го мачи бидејќи неговиот татко одамна рекол дека од парите нема да види ништо.

Шин има три возрасни деца, но тврди дека нема да им остави ниту денар. Овој деловен човек се збогатил во 1978 година кога ја основал агенцијата за недвижнини „Centaline“.

Уште пред десет години се вклучил во работата на хуманитарни здруженија на кои им донира поголем дел од неговите пари. Неговото семејство живее скромно, и целосно ја поддржуваат неговата одлука.

-Моите пријатели моментално заработуваат повеќе од мене-објаснил тој.

Најмладиот син и покрај богатството на неговиот татко, има проблеми како повеќето млади, штеди за стан за да би можел да се отсели од кај родителите.

-Нашиот живот отсекогаш бил скромен. Знам дека тоа пребогатите деца од Њујорк и Лондон не можат да го разберат-вели Алекс.

Иако фирмата има обрт од милиони долари дневно, Алекс има „обична“ плата. Инаку Шин, одлучил заработените пари да ги искористи за искоренување на сиромаштијата во руралниот дел на Кина, од изградбата на инфраструктурата до помош на сиромашните деца за да се образуваат.

Треба да знаете
Последни објави