Search

Оваа зоолошка шести пат по ред е прогласена за најдобра во Европа, видете зошто

Зоолошката градина Шенбрун во Виена шести пат по ред е прогласена за најдобра во Европа. Оваа најстара зоолошка градина во светот отсекогаш била меѓу најдобрите од почетокот на рангирањето, во 2008 година. Има дури 40 критериуми за избор, а меѓу нив се: грижа, број, заштита на видовите, број на посетители… Има многу што се зема предвид при изборот на најдобрите, па не е лесно да се дојде до таа награда.

Тие веднаш ја споделија радосната вест со своите над 80.000 следбеници на Инстаграм.

-По шести пат сме најдобрата зоолошка градина во Европа! Ова е можност да погледнеме наназад на многу настани од изминатата година: отворање на нов простор за овци, четворки гепарди, нови младенчиња од поларна мечка и нашиот успех во одгледувањето коали. Милаа Мила е првиот потомок на коала во историјата на зоолошката градина Шенбрун. Женската коала, која сега има повеќе од 1,5 година, брилијантно се разви. Штом има храна, незаситнтаа коала скока од гранка на гранка за да добие посластица, напишаа објавувајќи фотографија од гладната коала.

 

Треба да знаете
Последни објави