Search

Објавен датумот на премиерата на „Билет за рајот“ со Џулија Робертс и Џорџ Клуни

Тicket to Paradise („Билет за рајот“), романтичната комедија која повторно ги обедини ѕвездите на „Единаесеттемина на Оушн“ Џулија Робертс и Џорџ Клуни треба да се појави во киносалите во есен следната година.

„Јуниверзал пикчрс“ го одреди точниот датум на премиерата, а тоа е 30 септември 2022 година, пренесува „Варајети“.

Филмот во режија на Ол Паркер ги обединува двајцата оскаровци од А-листата, кои се и долгогодишни пријатели. Тие во минатото работеа заедно во Ocean’s Eleven (2001), Ocean’s Twelve (2004) и Money Monster (2016).

Во „Билет до рајот“, Робертс и Клуни глумат разведена двојка, која патува на Бали за да ја спречат нивната ќерка да не ја направи истата грешка што мислат дека тие ја направиле пред 25 години.

Треба да знаете
Последни објави