Search

Обид за палење верски храм во селото Чефлик

Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи најостро ги осудува сквернавењето и обидот за палење на верскиот храм на Евангелската црква во Македонија во село Чефлик, општина Чешиново-Облешево.

„Изразувајќи најискрено жалење што за време на најголемиот христијански празник Божик, злонамерници, предизвикувајќи материјална штета, ги повредиле верските чувства и права на граѓаните припадници на оваа верска група, очекуваме институционално утврдување на фактичката состојба и кривично-правна одговорност за сторителите, сè со цел спречување на ваквите немили настани и гарантирање на правата и слободите на човекот и граѓанинот“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави