Search

Обвинителството за Коста бара затворска казна

Напаѓачот на шпанскиот фудбалски тим Атлетико Мадрид, Диего Коста  се соочува со затворска казна. Тој минува низ тежок период, бидејќи повеќе од една година против него се води процес за затајување данок. Фудбалерот ќе излезе на суд на 4 јуни, поради обвиненија дека не плаќал даноци, пренесуваат шпанските медиуми. Како што објави „АС, обвинителот побарал затворска казна од шест месеци за играчот на Атлетико Мадрид.

Натурализираниот шпански репрезентативец затаил данок од еден милион евра, а тоа се однесува на периодот од пред шест години кога премина од Атлетико во Челси.

Коста има проблеми во и надвор од теренот, а бројни спортисти во Шпанија, вклучувајќи ги и  ѕвездите како Лионел Меси и Кристијано Роналдо, поминаа низ слични случаи.

Треба да знаете
Последни објави