Search

Норвешки скијач постави нов рекорд со поминати 528 км

Во Норвешка, и покрај пандемијата, предизвикот на скијачите продолжува со континуирани трки на долги растојанија. Нов светски рекорд вчера постави 45-годишниот Хенрик Соли. Во чест на неговиот роденден, тој замина на скијање на 528 км за 32 часа. Трката се одвиваше на круг долг 5,5 км. Така, шампионот заврши 96 круга.

За време на подвигот на Соли, друштво му правеа неговите пријатели кои постојано го бодреа.

Претходниот рекорд поставен пред неколку дена изнесуваше 516 км за 31 час.

Во меѓувреме, критиките за овој проект се интензивираат во Норвешка. Некои потенцијални шампиони ги завршуваат своите трки во целосна исцрпеност на телото, а потоа долго време се во состојба близу до кома.

Во сегашната ситуација на пандемија, ова не е најдобрата опција, дури и за силните спортисти, пишуваат тамошните медиуми.

Треба да знаете
Последни објави