Search

Ново оро на македонскиот зурлаџија Џељо Дестановски

Го нарекуваат неуморниот македонски музичар, во моментов е еден од  најпознатите зурлаџии кај нас и уметник кој соработува скоро со сите пејачи и групи во Македонија…

Маестралниот Џељо Дестановски, кој е дел и од ансамблот „Танец“, сними видеоспот за неговото ново оро „Малеш”.

Неговите колеги и публиката кои добро го познаваат за овој негов најнов проект ќе кажат дека во целост го отсликува неговиот темперамент како музичар, а посебен печат на ова оро даваат звуците на зурлата и кавалот, двата омилени инструменти на Дестановски.

Музиката е на самиот Џељо, снимена во студиото на Горан Мирковски, а аранжманот го направи неговиот колега Дарко Илиевски, кој заедно со Златко Димитријоски, тамбура, се и специјални гости во видеозаписот снимен на сцената на “МОБ” од „Арт Студио”.

Дестановски освен што периодов е ангажиран со промоцијата на најновото оро, за љубитељители на убавиот народен мелос најавува и многу настапи во и надвор од Македонија.

Треба да знаете
Последни објави