Search

Ново име на сојузот на десничарски партии во Европскиот парламент

Групата на европски крајнодесничарски и популистички партии во Европскиот парламент го менува својот бренд и од сега ќе се вика „Идентитет и демократија“.

Според агенцијата АП, сојузот, кој има 73 пратеници во Европскиот парламент, најмногу се состои од стари лица, а неговата политика во голема мера останува иста.

Како што прецизира бриселскиот портал „Политико“, меѓу челеновите на „Идентитет и демократија“ се парламентарната група „Европа – нации и слобода“, составена од Лига на Матео Салвини и Национален собир на Марин Ле Пен, како и други евроскептични партии вклучувајќи ја и Алтернатива за Германја (АФД).

„Работите треба да се променат бидејќи гласачите тоа го бараат“, рече Ле Пен.

За претседател на новиот сојуз избран е Марко Кани од Лига, а Николас Беј од партијата на Ле Пен ќе биде негов заменик.

Треба да знаете
Последни објави