Search

Нови „чизми перничиња” на „Луј Витон”

Перничињата се вистинско освежување на самиот врв на трендовите оваа година. Имено, француската луксузна компанија „Луј Витон” има идеја со фокус на удобноста, мекоста и волуменот…

Токму таму се дизајнираа „чизми перничиња”, инспирирани од домашниот лежерен стил. Новата хит обувка има за цел да биде потопла, удобна, а модерна. Дизајнот е потпишан од креативниот директор на „Луј Витон”, Николас Геские.

Овие чизми беа претставени како дел од колекцијата пролет 2021 година и веќе станаа хит на интернет.

Овие чизми, коишто според сите проценки, ќе ја одбележат зимската сезона, доаѓаат во неколку бои и нијанси – од бела до зелена.

Треба да знаете
Последни објави