Search

Нови детски игралишта во Аеродром

За најмалите наскоро ќе почнат да се градат нови детски игралишта во Аеродром. Ви претставуваме дел од проектот со кој ќе ги уредиме и ќе ги реконструираме сите детски игралишта на целата територија на Општината. Првите три локации што ќе добијат нови детски игралишта се паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче, на ул. „Методија Шаторов-Шарло“ зад градинката „Калинка“ во Стар Аеродром и зад ТЦ „Бисер“ меѓу трите кули. Обезбедуваме услови за безгрижна и безбедна детска игра.

Треба да знаете
Последни објави