Search

Нови апсења по повод нападите во Шри Ланка

На Шри Ланка денеска се приведени 16 лица, меѓу кои има и странски државјани, а во врска со истрагата за бомбашките напади во кои загинаа најмалку 359, а повредени се 500 лица.

Како што соопшти полицијата, со тоа бројката на уапсени се искачи на 76, а меѓу нив има Египќани, Сиријци и Пакистанци, иако нема докази дека се директно поврзани со нападите на три цркви и четири хотели, пренесе „Ројтерс“.

Инаку, на Шри Ланка утрово се случи уште една експлозија, во градот Пугода, оддалечен околу 40 километри од Коломбо, но нема жртви ниту материјална штета.

„Експлозијата се случи зад зградата на судот, истражуваме“, изјави шефот на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави