Search

Новите министри во грчката Влада положија свечена заклетва

По мини реконструкцијата во грчката Влада, соопштена во петокот, новите министри, вкупно шест, положија свечена заклетва пред претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и во присуство на премиерот Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Дел од министрите положија религиозна, други граѓанска заклетва.

Од алтернативен, Јоргос Катругалос е новиот министер за надворешни работи на Грција на местото на Алексис Ципрас кој освен премиер беше и шеф на грчката дипломатија. На позицијата алтернативен МНР за европска политика, доаѓа Сиа Анагностопулу, пратеничката од СИРИЗА која беше и известувач за нацрт законот за ратификација на Договорот од Преспа, кога беше претставен во грчкиот Парламент.

Од другите промени во грчката Влада, на местото на Катерина Нотопулу, која е кандидат за градоначалник на Солун од редовите на СИРИЗА, заменик министерка за внатрешни работи, надлежна за Македонија и Тракија е Елефтерија Хаѕигеоргиу.

Насос Илиопулос, од заменик министер за труд и социјална заштита е кандидат за градоначалник на Атина, па така на негово место доаѓа Консантинос Баркас.

Промени има и во Министерството за транспорт и инфраструктура каде што заменик е Танос Мораитис и во Министерството за миграциска политика, исто така на позицијата заменик министер доаѓа Ангелос Толкас.

Треба да знаете
Последни објави