Search

Нова драма околу почетокот на фудбалското „Ел Класико”

Проблемите продолжуваат околу организацијата на големото дерби во шпанската фудбалска Примера помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Двете екипи требаше да играат на 26 октомври, но нивниот натпревар беше презакажан за 18 декември од безбедносни причини. Претседателот на лигата, Хавиер Тебас, сега објави дека почетокот на дербито може да се промени.

– Сè уште размислуваме кога да се игра, затоа што не сакаме да се совпадне со ниту еден од натпреварите од Купот тој ден, рече Тебас.

Значи, опциите се натпреварот да почне помеѓу 12 и 16 часот, што е добро за навивачите од Азија, но ако денот е петок или сабота, а не среда, како што ќе биде сега случај.

Треба да знаете
Последни објави