Search

Нова акција на грчката полиција во објекти под опсада во центарот на Атина

Грчката полиција рано утрово спроведе нова акција во два објекти кои беа под опсада од 2016 година, во атинската населба Егзархија, и пронајде 34 лица сите странски државјани, јави дописничката на МИА од Атина.

Во првиот објект биле пронајдени 33 лица, 16 мажи, девет жени и осум деца, а во вториот само еден странски државјанин.

Како што соопштуваат од грчката полиција, сите 34 лица биле одведени во Дирекцијата за странци за дополнителна проверка на нивните документи.

Треба да знаете
Последни објави