Search

Нинџа: Немаше телефонски повик од Груевски од Виена за мобилизација на членство

Во продолжението од сведочењето на Александар Василевски Нинџа за организацијата на настаните од 27 април 2017 година, сведокот негираше дека од поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски добивал било какви насоки, потенцирајќи и дека не познава таков кој добил насока лично од Груевски. За организација на настаните се обвинети Трајко Вељаноски- поранешен претседател на Собранието, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски- порнешни министри во владата на Никола Груевски и Владимир Атанасовски, поранешен директор на УБК.

Нинџа претходно објасни дека е поранешен соработник на УБК со псевдоним Самурај, кој бил ангажиран во 2015 од страна на тогашниот началник во УБК, Горан Грујевски, а потоа наредби добивал од неговиот наследник на таа позиција, обвинетиот во случајот, Атанасовски како и од началници во УБК.

 

-Од лидерот на партијата никогаш не сум добивал насоки, ниту знам дека некој добивал. Тоа што сум го добивал јас како насоки било од директорот на УБК, инспектори и началници, тоа е што знам, сведочеше Нинџа.

Тој понатаму истакна дека може да заклучи дека телефонскиот разгвор од службен телефон, од Виена нема никаква врска со настаните од 27 април.

-Сакам да кажам дека тој телефонски број го користеше мојот брат, кој беше лично обезбедување на Груевски. Телефонскиот повик сум го иницирал јас, му пуштив порака и му кажав да ми се јави во 2.13 часот. Ми се јавува во 2.30 и разговорот е снимен. Нема врска со овие настани, семеен повик е. Во врска со мојата болна мајка беше телефонскиот разговор. Нема никаков повик за мобилизација, даден од тој телефонски број, вели Нинџа.

 

Треба да знаете
Последни објави