Search

Никол Кидман ужива во друштво на своето прво куче

Никол Кидман (52), ѕвезда од серијата „Big Little Lies“, на „Инстаграм“ сподели фотографија на која ужива во друштво на кученце. Таа се мази со малата пудлица на која не ѝ го откри името. Никол вели дека конечно го добила своето прво кученце и дека е пресреќна поради тоа.

„Моето прво кутре. Всушност, моето прво куче. Ова е она што го чекав целиот мој живот“, напиша таа покрај фотографијата.

Актерката го приклучи  кутрето во разновидното животинско семејство кое се состои од алпака, зајаци и риби сијамски борци.

Треба да знаете
Последни објави