Search

Николовски на средба со земјоделци од населено место Дисан: Изградивме партнерски однос со земјоделците, продолжуваме на прав пат

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски беше во посета на населено место Дисан, кавадаречко,каде што се сретна со земјоделците од овој крај. Се разговараше за мерките кои досега се реализираа од страна на Владата предводена од СДСМ, но и за потребите на земјоделците, важни за унапредување на условите за работа.

Во разговорите, генералниот секретар Николовски истакна дека за само 2,5 години Владата предводена од СДСМ изгради партнерски однос со земјоделците и не само што ги врати наследените долгови кон земјоделците, туку воведе и нови мерки што значат повеќе пари во секое земјоделско семејство.

– За овие 2.5 години секогаш интервениравме со дополнителни субвенции, особено во субвенциите на грозјето со цел да обезбедиме што е можно поголема поддршка кон лозарите. Неповратните средства за млади земјоделци, неселективна и навремена исплата на субвенциите, воведувањето на мерката „зелена нафта”, сигурниот откуп и големата искористеност на фондовите од ИПАРД 2 се само дел од показателите дека со СДСМ земјоделството е на прав пат, посочи Николовски, додавајќи дека СДСМ е постојано меѓу граѓаните, а не само за време на изборни периоди.

СДСМ продолжува и понатаму со активностите и непосредните контакти со граѓаните, се со цел да се слушне што е она што им е потребно, се следат нивните потреби и се креира новата авангардна програма на СДСМ која нуди решенија за сите категории граѓани.

Треба да знаете
Последни објави