Search

Ниедна лага на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја сокрие вистината дека Мицкоски соработувал со Кичеец, лице осудено во случајот „Рекет’

Соопштение за јавност – реакција на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

 
Залудни и очајни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку бесмислени лаги и празни прес-конференции да ја сокрие вистината.
Таа е една и од неа ВМРО-ДПМНЕ не може да побегне. Целата јавност слушна како Христијан Мицкоски директно се среќавал и соработувал со Зоран Милески Кичеец.
Токму Милески Кичеец, лицето кое бил извршител на Мицкоски е лице осудено во случајот познат како „Рекет”.
Потопени се лагите на ВМРО-ДПМНЕ, пропаднаа обидите на Мицкоски да ја сокрие неговата поврзаност со Кичеец и Орце Камчев и поврзаноста со случајот „Рекет”.
Наместо очајно се обидува да се одбрани од неодбранливото, Мицкоски да си го одржи зборот и сам да се пријави во истражниот затвор „Скопје” како што вети.
Мицкоски е фатен жив во сопствените лаги и никој и ништо не може да му помогне да се ослободи од нив. Станува се појасно дека случајот познат како „Рекет” води токму во белиот криминален дворец.
Треба да знаете
Последни објави